сабота, 21 декември 2024

Контроверзниот документарец „Русите во војна“ сепак ќе биде прикажан во Торонто

Контроверзниот документарен филм „Русите во војна“, кој беше тргнат од програмата на филмскиот фестивал во Торонто (ТИФФ) поради закани, сепак ќе биде денес прикажан, и покрај новите протести.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот заврши во неделата вечерта, но две проекции на тој филм кој предизвика полемики се предвидени за денес.

Откако беше прикажан на венециска Мостра, овој филм на руско-канадска режисерка кој им дава глас на руските војници предизвика гнев на украинските уметнички и политички кругови кои го гледаат како „руска пропаганда“.

Минатата недела фестивалот во Торонто го тргна од програмата филмот кој требаше да ја има северноамериканската премиера, што беше одлука без преседан. Но организаторите ветија дека ќе го прикажат филмот „кога тоа ќе биде безбедно“.

„Упорноста на ТИФФ да служи како платформа за ширење на руската пропаганда е незамислива. И покрај сите повици да се престане со оправдувањето на руските убијци, тие и понатаму сакаат да го прикажат овој документарец во рамки на фестивалот“, изјави украинската амбасадорка во Канада Јулија Ковалев.

За документарецот режисерката Анастасија Трофимова минала неколку месеци со руските единици на украинскиот фронт, собирајќи сведоштва на војниците од кои го снимила филмот. Таа истакна дека нејзиниот филм е „антивоен документарец“ кој ги прикажува обичните луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ