петок, 18 октомври 2024

Контроверзната боксерка Имане Келиф го освои златото на Олимписките игри

Алжирската боксерка Имане Келиф за која се кренаа лавина реакција поради сомневање за вистинскиот пол, во финалето со едногласна судиска одлука ја победи Лиу Јанг од Кина и го освои златото.

Објавено на

часот

Сподели

Келиф на овие Олимписки игри предизвика големо внимание и коментари затоа што минатата година доби забрана за натпреварување на Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска федерација со образложение дека има XY хромозоми и вишок тестостерон. Поради тоа многумина ја обвинуваат дека е машко.

На социјалните медиуми имаше вистинска војна дали Келиф е машко или женско. Таа е родена како женско и фактите велат дека не е толку доминантна боксерка, има девет порази досега. Нејзиниот скор досега е 37 победи и девет порази на аматерско ниво. Уште полош скор има на професионално ниво. Во Париз пристигна со скор од девет победи и пет порази.

Келиф е родена како девојка пред 25 години во сиромашно семејство, прво сонувала да биде фудбалерка. Боксот го засакува подоцна под влијание на нејзиниот татко, кој тврдел дека тоа не е спорт со кој девојки требало да се занимаваат.

Нејзиниот настап на Олимписките игри заврши, но поделеноста и коментарите дали е женско или машко уште не завршија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ