недела, 20 октомври 2024

Контроверзите позади „Ситизен лаб” и дискретирањето од „Ел Мундо“ за аферата Каталонска порта

Објавено на

часот

Сподели

Во овој последен случај Ситизен лаб без ниту еден доказ ја обвинува шпанската влада за шпионирање на водачите на каталонските сепаратисти, на ист начин како што неосновано го обвини Мароко за користење на израелскиот софтвер Пегасус против мароканските противници или за заштита на сопствените интереси, пишува весникот

Во интервју за „Ел Мундо“ под наслов „Фарсата на каталонската порта и соучесништвото на Ситизен лаб”, универзитетскиот професор Хозе Хавиер Оливас во својот заклучок подвлекува дека движењето на каталонските сепаратисти го користи извештајот на Ситизен лаб со цел да направи притисок на кабинетот на Педро Санчез, користејќи го Комитетот на Европскиот парламент задолжен за истрага на користењето на Пегасус како инструмент, сѐ со надеж дека ќе се постигне поништување на судењата на 12-те каталонски сепаратисти кои беа осудени на затвор од 9 до 13 години под обвинение за бунт. 

„Многу академици побараа од Ситизен лаб да обезбеди информации за ова истражување, но канадската лабараторија одби“, рече д-р Хозе Хавиер Оливас, професор на Школата за економија во Лондон (LSE) и главен истражувач на ICPPS, UNED и истражувачки соработник на LSE IDEAS. Тој изрази и жалење поради недостатокот на доверливост и кредибилитет на оваа лабораторија. Анализите на овој професор на политички науки се отворенo критички кон Ситизен лаб и нејзиното сомнително и неверодостојно однесување во третманот на овие два случаи за шпионскиот софтвер Пегасус и „каталонските – расипници“.  

Во таа насока, дополнителни контроверзи објавува и Рисрчгејт во март 2023 година. Сомневањата за веродостојноста на Ситизен лаб потекнуваат од дописот испратен од оваа истражувачка агенција во ноември 2022 година до членовите на Европскиот парламент кои служат во Анкетниот комитет на ПЕГА, потпишан и од Лукас Сиевиерски, софтвер инженер кој моментално работи на Андроид платформи во Гугл. Додека Лукас има значително искуство во областа на софтверско инженерство на Андроид, важно е да се спомене дека тој признал дека има ограничено знаење за iOS. Ова е особено загрижувачко бидејќи дописот доставен од Ситизен лаб до членовите на Парламентот на ЕУ е директно поврзан со форензиката на iOS. Очигледно е дека Парламентот на ЕУ не ги проверил акредитациите на наводните експерти кои потпишувале инцидент со шпионски софтвер базиран на iOS.

На 28 декември 2022 година, Ситизен лаб признава една од нивните истражувачки грешки во врска со Антони Комин, пратеник во Европскиот парламент. Истражувачката лабораторија признава дека направила погрешна проценка и дека дала погрешно тврдење дека пратеникот бил своевремено жртва на шпионскиот софтвер Пегасус. Но оваа проценка е задоцнета, бидејќи Парламентот на ЕУ веќе одби да му дозволи на д-р Оливас да го претстави своето истражување пред Комитетот на ПЕГА. Дополнително, Антони Комин веќе сведочеше за неговите напади со шпионски софтвер врз основа на информациите обезбедени од Ситизен лаб и беше вклучен во нацрт-извештајот за кршење на човековите права како жртва на шпионски софтвер.

Како што објавува и Норт Африка пост, адвокати од САД специјализирани за справување со случаи на сајбер безбедност, во февруари оваа година во Тангер, на сослушувањето организирано од Комитетот за заштита на личните податоци на Мароко (CNDP), ја истакнаа правната недопустливост на „псевдо-доказите“ содржани во извештаите на Ситизен лаб и Амнести Интернешенал во врска со наводната употреба на софтверот Пегасус од страна на некои земји.

Претставникот од адвокатската комора од Њујорк, Тор Екеланд, објасни дека таканаречените докази обезбедени од овие организации биле недозволиви од американскиот федерален суд бидејќи не се научно поткрепени. „Првото нешто што американскиот суд го прави при разгледувањето на научните докази е да види дали тие докази го исполнуваат принципот на репродуктивност. Резултатите од Ситизен лаб не се репродуцираат на кој било начин, што само по себе е црвена тревога за нивната веродостојност“, истакна Екеланд.

Извештаите на Ситизен лаб се користат и за квалификациите за софтверот за следење на комуникациите Предатор, во кој делумно учествувала и компанијата „Сајтрокс“ од Скопје како дел од мрежата од фирми поврзани со израелската „Интелекса“. И во овој случај канадската универзитетска организација Ситизен лаб во декември 2021 година извести дека софтверот се користел за незаконско следење на граѓани.

Глобално позната по нивните истраги за шпионскиот софтвер Пегасус, истражувачката агенција Ситизен лаб на Универзитетот во Торонто, извештаите ги објавува без длабински технички анализи. Во извештајот на Ситизен лаб (Citizen Lab) за хакирањето на бранителот на човековите права Ахмед Мансур се потврдуваат некакви „инфекции со шпионски софтвер“ од 2011 година, но без докази за потврдување на нивното истражување за шпионскиот софтвер. Нема никакви длабински технички документи напишани од Ситизен лаб кои дефинитивно потврдуваат дека The NSO Group е наводниот сопственик на производи за шпионски софтвер. Ситизен лаб никогаш не објави докази за да ги потврди нивните обвинувања дека повеќе нации ширум светот користат шпионски софтвер Пегасус (Pegasus) и ги таргетираат бранителите на човековите права, политичарите, новинарите и јавните личности, пишува Рисирчгејт.

Извештаите на истражувачката агенција на Универзитетот во Торонто, Ситизен лаб, се користат и во извештаите за софтвер развиван во компаниите на „Интелекса“. Ситизен лаб објави дека телефоните на најмалку двајца Египќани биле хакирани со шпионскиот софтвер Предатор. Во целата оваа ситуација останува отворено прашањето како и овластените институции потоа ја користат оваа алатка која во основа е наменета за борба против криминалот, корупцијата и нелегалната трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ