Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.
„Инспекциските служби на агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација“, стои во соопштението на АХВ.
Кај другите контролирани оператори со храна, како што додаваат оттаму, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.