сабота, 27 јули 2024

Континентал ја претстави најновата гума „премиум контакт 7“ во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Мотоцентар ја претстави новата летна понуда на познатиот производител на пневматици Континентал. На настанот беше презентирана гумата „премиум контакт 7“, а фокус беше ставен и на долгогодишната соработка помеѓу двете компании, како и на можностите за развој на партнерството во насока на третман и опслужување на новите електрични возила со пневматици.

Со „премиум контакт 7“, Континентал ја испорачува седмата генерација на оваа премиум гума. Успешноста на „премиум контакт 7“ се должи на развој во правец на монтирање пневматици со дијаметар од 16 до 21 инчи, на широка гама патнички моторни возила.

Благодарение на новите технологии, Континентал разви гума со која поставува нови стандарди за безбедност и удобно возење, истовремено подобрувајќи ги перформансите за отпорот при возење и изминатите километри, порачуваат од Мотоцентар. Дополнително, со примена на соединението „ред чили“, пневматикот има оптимални перформанси, во најширок можен температурен спектар. Односно, „премиум контакт 7“ може да развие висока стабилност, дури и при ниски температури, што е особено корисно во текот на преодните месеци, во пролет и есен.

мотоцентар

“Со производната стратегија на Континентал поставуваме нови безбедносни стандарди во патниот сообраќај. Благодарение на прилагодливиот дизајн на шарата на „премиум контакт 7“, безбедноста, стабилноста и удобноста при возењето се уште поголеми, без разлика на временските услови. Како пазарно ориентирана компанија, Континентал работи на адаптација на пневматиците наменети за широк опсег патнички моторни возила. Потврда дека ги следиме пазарните трендови во авто-мото индустријата е фактот дека во 2022 година, девет од десетте најуспешни производители на електрични возила, вклучувајќи ги Тесла, Порше и Мерцедес – бенц, ја одбраа технолошката експертиза на Континентал при избор на нивната оригинална опрема.“, изјави Наташа Рубије, регионален претставник за продажба во Континентал.

“Континентал е наш долгогодишен и традиционален стратешки партнер. Нашата компатибилност е содржана во развојните планови и стратегии на двете компании. Во таа смисла, го препознавме пристапот на Континентал  уште во времето кога почна да ги оптимизира пневматиците наменети за електрични возила со цел – да се постигне поголема ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Ова, за нас во Мотоцентар беше сигнал уште поинтензивно да се фокусираме на експонирање и соодветна понуда на пневматиците на Континентал за нашите клиенти и потрошувачи.“ изјави Моника Бошкоска, маркетинг директор во Мотоцентар.

За сите заинтересирани, летната понуда на Континентал пневматици е веќе достапна во сервисно-продажната мрежа на Мотоцентар во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ