петок, 18 октомври 2024

Контејнерите низ Скопје се мијат со вап и се чистат со средство за дезинфекција

Објавено на

часот

Сподели

Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок., со тоа што нивните екипи спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. Воедно, сите контејнери и микролокации се дезинфицираат со употреба на специјално средство за дезинфекција.

Овие активности  започнаа и  во општините Карпош и Ѓорче Петров, а ќе продолжат да се одвиваат во сите останати скопски општини во текот на престојните десетина дена. Освен тоа, се реализира и машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини со автоцистерни според стандардната динамика, утврдена со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје.

„Машинското миење се одвива во доцните ноќни часови, кога фреквенцијата на возила и пешаци на улиците е значително намалена, со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот, односно движењето на пешаците“, посочуваат од јавното комунално претпријатие. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ