сабота, 19 октомври 2024

Конте си лапна убав бонус за пласман на Тотнем во Лигата на шампиони

Објавено на

часот

Сподели

Кога Антонио Конте го превзеде кормилото на „спарси“ во ноември, Тотнем беше на позицијата број 9 на табелата и многумина сметаа дека сезоната е изгубена. 

Сепак, Италијанецот го врати тимот на победнички патеки, Тотнем влезе во добра серија во финишот од сезоната, го доби градското дерби со Арсенал, и вчера со убедлив триумф над Норич го потврди топ 4 пласманот. 

Ваквиот успех на Италијанецот ќе му донесе убав бонус, медиумите од Англија пишуваат дека Даниел Леви на Антонио Конте му ветил 2,5 милиони фунти доколку успее да приреди чудо и да избори настап во најелитното европско натпреварување. 

По синоќешната победа над Норич, Антонио Конте рече: „Ова е една од најважните цели кои сум ги остварил во кариерата. Честитки до играчите и сите вработени во клубот. Кога дојдов во ноември, ситуацијата не беше добра но успеавме да најдеме решение. Сработивме одлична работа и навистина сум среќен и покрај тоа што не подигнав трофеј“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ