сабота, 27 јули 2024
Ибрахимовиќ го убедил да се пресели на Сан Сиро

Конте ќе биде нов тренер на Милан, прво засилување ќе му биде фудбалер на Наполи?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ го убедил Антонио Конте да стане нов тренер на Милан, веќе се дискутирале трансфер плановите, прво засилување ќе треба да биде фудбалер на Наполи.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот Лука Момблано ноќеска соопшти трансфер бомба, Антонио Конте ќе го наследи Стефано Пиоли на клупата на Милан по крајот на сезоната.

Златан Ибрахимовиќ подолго време бил во контакт со Антонио Конте и го убедил стратегот да го превземе кормилото на „росонерите“, постигнат е вербален договор за соработка.

Двајцата веќе ги дискутирале трансфер плановите за сезоната 2024/25, и прво засилување ќе треба да биде фудбалер на Наполи, но во моментов не се открива неговото име.

Останува да се види колку има вистина во информациите кои ги пласираше Момблано, кој важи за новинар близок до Антонио Конте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ