четврток, 16 јануари 2025

Конституирана Комисијата за одликувања и признанија на претседателката Сиљановска-Давкова

Комисијата за одликувања и признанија денеска ја одржа конститутивната седница, на којашто присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата, како што информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова, членовите на Комисијата изразиле благодарност за честа и довербата да учествуваат во вреднувањето и изборот на личности и институции што оставиле длабок печат и неизбришливи траги во македонското општество.

„Претседателката Сиљановска-Давкова изрази задоволство за прифатеното членство, потенцирајќи дека во номинацијата се раководела од нивното врвно знаење, работа и дострели во различни области. Таа им посака плодна и успешна работа во препознавањето и наградувањето на најдобрите. Во разговорот, претседателката изрази цврста увереност дека докажани и афирмирани личности како нив умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и соодветно да ги наградат“, се вели во соопштението од кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Со одлука на претседателката Сиљановска-Давкова, за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, м-р Евгенија Теодосиевска, Дејан Георгиевски, Жарко Башески, Оливера Наковска-Бикова и Весна Петрушевска

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ