петок, 10 јануари 2025

Конституиран Клубот на пратенички на актуелниот собраниски состав

Во Собранието денеска се одржа конститутивна седница на Клубот на пратенички. Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Македонија, составена од сите пратенички, независно на која пратеничка група припаѓаат.

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јована Тренчевска за претседателка, по што, со консензус, беше изгласано и новото претседателство.

Во новиоизбраното претседателство на Клубот на пратенички има претставнички од сите пратенички групи застапени во законодавниот дом, кои, во текот на конститутивната седница, ги реафирмираа заложбите за продолжување на натпартиската битка против сите форми на дискриминација и за унапредување на родовата еднаквост.

Од редовите на претседателството, а на предлог на новоизбраната претседателка Тренчевска, беше избрана и заменик-претседателка на Клубот на пратенички. Таа позиција ја доби пратеничката Силвана Ангелевска.

Клубот на пратенички е формиран на 7 март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност – Маса за родова рамноправност, со помош на локалните партнери Македонско женско лоби, СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика. Во изминатите пет години, Клубот на пратенички имаше за цел да ја разгледа постојната и да предложи нова законска регулатива во областа на родовите прашања.

Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел – преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на оваа конститутивна седница на клубот, им порача на пратеничките дека тие се главните чинители на оваа кауза.

„И затоа ве охрабрувам да продолжите со вашата работа и посветеност, да продолжите да го кревате гласот и да се борите за себе, за вашите ќерки и за општеството. Затоа што, како што вели една позната поговорка – ‘Секогаш кога жената се бори за себе, таа се бори и за сите други жени’. Но, на оваа поговорка што ја споменав, мислам дека и недостасува еден дел: ‘Кој се бори за жените, се бори за човештвото.’ И поради оваа причина, составот на ова тело, важноста на овој настан и благородноста на оваа кауза се неспоредливи. Мене ми останува само да ја изразам мојата почит и благодарност, па затоа мојот говор ќе го завршам со благодарност и со желби за успех во новиот период на нашата заедничка заложба за еднаквост и правда“, рече Гаши и додаде дека оваа важна седница која ги одразува нашите заложби за промовирање и гарантирање на родова еднаквост.

Покрај организационата важност, според него, оваа конститутивна седница е можност да се размисли за досегашната работа на Клубот на пратенички, како и да се цени вредниот придонес во развојот на политиките за родова еднаквост.

Преку работата на ова тело, како што рече тој, беа усвоени суштински законски решенија со кои се регулираат различни прашања за дискриминацијата и насилството врз жените, па затоа, со најголема искреност, подвлече, им честитам за бескрајниот труд на Клубот на пратенички, како тело кое од 2003 година до денес, служи како активен гласноговорник во јакнењето на демократијата и како мост меѓу институциите, организациите и граѓаните, за да се обезбеди забележително унапредување на правата на жените и поправична застапеност во процесите на донесување одлуки.

„Исто така морам да нагласам дека, покрај достигнувањата, родовата еднаквост е повеќе од принцип на демократија – барем за мене – таа претставува морална и човечка обврска. Тоа е затоа што верувам дека, ниту едно општество не може да се нарече праведно и развиено ако не гарантира еднакви можности за жените и мажите. Општеството кое не обезбедува родова еднаквост е општество кое не го искористило својот полн капацитет и потенцијал и како резултат на тоа, неговиот развој е ограничен. Значи, само со обезбедување на целосна родова еднаквост, можеме да постигнеме одржлив развој, здраво и демократско општество“, потенцира Гаши.

Тој смета дека борбата за родова еднаквост не треба да се перцепира само како борба на жените, туку како заеднички предизвик на нашето општество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ