сабота, 27 јули 2024

„Консензус без преседан“: Сите пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН ги осудија акциите на Приштина

Објавено на

часот

Сподели

Овој став на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Франција, Кина, Британија и Русија е исклучителен пресврт на настаните, оценува надворешнополитичкиот совет на премиерката на Србија Никола Стојановиќ.

„Ова е консензус без преседан во актуелниот глобален политички пејзаж“, истакна тој на Твитер.

Стојановиќ истакна дека тоа е најконкретен показател дека политиката на косовскиот премиер Аљбин Курти и неговата влада не само што е штетна за стабилноста, туку и сама по себе е фалична, длабоко дискриминаторска и спротивна на секоја идеја за мирен соживот меѓу албанската и српската заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ