Порто со гол во 94. минута го победи Арсенал со 1-0 на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите.
Арсенал имаше посед на топка, изведе и многу корнери, но немаше ниту еден шут во рамките од голот на Порто.
По натпреварот Артета го обвини порто дека нивната тактика била со постојани фаули да ја нарушат нивната игра.
Веднаш стигна одговор од тренерот на Порто, Серџо Консеисао.
„Покажавме страст, карактер и квалитет, па заслужено победивме. Арсенал ја имаше топката, но што направи со неа, тоа е главното прашање. Кога имаш посед мора да се обидеш да дадеш голови, а не да ја чуваш топката кај себе. Денеска сите видоа дека ние бевме поопасниот тим. Има една разлика меѓу нас и Арсенал, тие сакаат да играат, а ние сакаме да победуваме“, рече Консеисао.