сабота, 27 јули 2024

Конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата“ во чест на Григор Прличев

Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“.

Објавено на

часот

Сподели

На Конкурсот можат да се пријават заинтересирани млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини, државјани на Македонија.

Според пропозициите, беседата „Како против пизмата?“ не смее да биде поголема од три илјади зборови, авторските текстови не смеат да имаат во себе политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не се публикувани.

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста.

Авторските трудови кандидатите да ги достават во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000, а Конкурсот е отворен до 15  јануари 2024 година.

Шифрите на трите наградени беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари наредната година на интернет-страницата на Библиотеката и преку медиумите.

Наградите на најдобрите тројца автори кои со посeбeн примерок ќе го докажат авторството ќе им бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ