сабота, 27 јули 2024

Конкурс за доделување 135 стипендии на редовни студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) денеска објави  Конкурс за доделување 135 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во државава, за студиската 2023/2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Стипендијата е во износ од 6.000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година. Студентите кои ги исполнуваат условите кои се наведени во конкурсот  треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на  порталот e-uslugi.mon.gov.mk од 25 октомври до 12 ноември 2023. 

Право на оваа стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии кои се припадници на ромската етничка заедница и државјани на Република Северна Македонија и кои не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои во студиската 2022/2023 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2023/2024 година.

Во конкурсот се наведени критериумите за аплицирање и документите што кандидатите треба да ги поднесат со пријавата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ