сабота, 27 јули 2024

Конкуренцијата на доларот се заострува

Глобалните потрошувачи и извозници на сировата нафта сега се снаоѓаат и без трговски договори во долари, пишува Волстрит џурнал, цитирајќи ја шефицата за глобална пазарна стратегија во Џеј Пи Морган Чејс Наташа Канева.

Објавено на

часот

Сподели

Еден ден пред да биде објавен извештајот, Иран и Русија, два од водечките извозници на нафта во светот, склучија договор за трговија во националните валути.

„Американскиот долар добива одредена доза конкуренција на пазарите“, кажа Канева за американскиот весник, истакнувајќи дека уделот на светската нафта која се продава за други валути пораснал на речиси 2 отсто.

Според податоците обработени од Џеј Пи Морган Чејс, во тековната година се спроведени 12 големи купопродажни договори во валути кои не се американскиот долар, во однос на само седум минатата година. Во периодот меѓу 2015 и 2021 година, биле постигнати само два такви договори.

Податоците се однесуваат на купопродажба на физичка стока, а не на тргувањето на берзите со фјучерси. Оваа година договори кои не се во долари наводно подмириле продавачи во Русија, при што само еден случај е регистриран во Обединетите Арапски Емирати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ