„Со поддршка на Владата, која обезбеди над 220 милиони денари, и со нашите сопствени средства, успеавме да креираме најголем буџет досега. Најголемиот дел од средствата ќе бидат насочени кон капитални проекти, вклучувајќи изградба на улици, водовод, канализација и други инфраструктурни зафати“, истакна Коњановски.
Главни инфраструктурни приоритети за 2025 година се: Изградба на влезот во Битола од Прилеп; Реализација на проектот „Битола велоград“, со изградба на велосипедски патеки над 5 км; Отворање на новата детска градинка во АРМ и адаптација на објектот на Домот за доенчиња; Завршување на обновата на планинарскиот дом „Копанки“; Реконструкција на над 18 км патна инфраструктура, вклучувајќи улици во урбани и рурални делови на општината.
Дополнително, се работи на енергетска ефикасност, со поставување фотонапонски централи на 10 училишта и подготовка на нови проекти во соработка со УСАИД.
„Општина Битола стана лидер во транспарентност и отвореност во државата. Сите проекти се јавно достапни, а граѓаните имаат можност да го следат напредокот преку нашата веб-страница“, додаде Коњановски.
Во текот на 2025 година, се очекува реализација на повеќе од 30 нови инфраструктурни проекти, вклучувајќи изградба на спортски игралишта, реконструкција на училишта, и поставување нова урбана опрема.
„Нашата цел е заеднички, преку соработка меѓу Советот и граѓаните, да ја направиме Битола уште поубаво место за живеење“, заклучи Коњановски, додавајќи дека “Битола е повторно на врвот на развојните мапи!“