Присуствуваа над 400 учесници, а опфатени беа голем број едукативни теми со кои се придонесува за унапредување на сестринската професија во нашата земја.
Медицинската сестра од клиниката „Жан Митрев“, Жанета Богоевска Митева – член на научниот одбор, која освен што беше модератор на панел дискусиите се претстави со своја презентација на тема „Подобрување на здравствената нега преку дигитализација“. Со теми поврзани за автономијата на сестрите при различни процедури свое експозе имаа Везире Тасевска „Автономија на сестрата при ЕКГ холтер мониторинг“, Весна Стојановска „Улогата на медицинската сестра при ласерски третман на васкуларни лезии“, Јулијана Цековска „Сестринска автономија во ендоскопска процедура“ и Светлана Ончева „Употреба на хипербарна комора“ која исто така беше и модератор.
Додека пак сестрите Сузана Костовска и Бети Игнатова се претставија со свој постер за „Значењето на сестринската автономија во ангиографска сала“. Специјален поздравен говор за поддршка одржа и д-р Емил Стоицовски, медицински директор на клиниката.