недела, 20 октомври 2024

Конго осуди 37 лица на смрт поради обидот за државен удар, меѓу нив и тројца Американци

Триесет и седум лица, меѓу кои тројца Американци, Британец, Белгиец и Канаѓанец, се осудени на смрт поради обид за соборување на претседателот на Демократска Република Конго, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лицата се обвинети дека во мај го предводеле нападот врз претседателската палата и домот на сојузникот на претседателот Феликс Цисекеди.

Кристијан Маланг, американски државјанин со потекло од Конго, осомничениот водач на заговорот, беше убиен за време на нападот, заедно со уште петмина.

На воениот суд им се судеше на вкупно 51 лице. Синот на Маланг, Марсел, еден од американските граѓани осудени на смрт, претходно пред судот изјави дека неговиот татко му се заканил дека ќе го убие доколку не учествува. Неговиот пријател Тајлер Томпсон исто така е осуден на смрт. Двајцата се родени во американската држава Јута.

Неговата маќеа Миранда Томпсон во јуни за Би-би-си изјави дека семејството „нема поим“ како тој завршил во ДР Конго. „Бевме во целосен шок поради тоа што се случува. Не знаевме ништо, освен она што го прочитавме на интернет“, рече таа.

Третиот Американец, Бенџамин Залман-Полун, имал деловни интереси со Кристијан Маланг. На смрт е осуден и Жан-Жак Вондо, маж со конгоанско и белгиско државјанство.

Хјуман рајтс воч претходно го опиша како истакнат истражувач за регионалната политика и безбедност и сугерираше дека доказите што го поврзуваат со обидот за пуч се слаби. Новинската агенција АФП јавува дека британските и канадските државјани се со потекло од Конго.

Судот објави дека британскиот државјанин Јусуф Езанги помогнал да се регрутираат некои од другите кои учествувале. Од 51 обвинет, 14 лица се ослободени и судот утврди дека тие немаат никаква врска со нападот. Останатите се осудени на смрт. Осудените имаат рок од пет дена да се жалат на казната.

Смртните казни не се извршуваат во ДР Конго веќе две децении, а осудените наместо тоа одлежуваат доживотен затвор.

Сепак, владата го укина овој мораториум во март годинава, наведувајќи ја потребата од отстранување на „предавниците“. Сепак, оттогаш не е извршена смртна казна, па прашање е дали тие навистина ќе бидат извршени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ