„Дополнително ќе известам дали дождот го изгасна пожарот во Мариово“, изјави Ангелов.
Подоцна во вечерниот билтен на ЦУК, во активните пожари не е наведен пожарот во Мариво, туку во категоријата „под контрола“.
На прашање на МКД.мк дали големиот пожар целосно е ставен под контрола, директорот на ЦУК, Ангелов изјави дека пожарот не е изгснат целосно, дека има горење со слаб интезитет на неколку места.
Ситуацијата се следи и дополнително ЦУК ќе информира за состојбите во Мариово.
Пожарот во мариовскиот крај беснее седум дена и денеска се прошири во должина од над 30 километри и со периметар од дури 110 километри.
За жал, како што рече Ангелов пред неколку часа, само еден ер трактор Македонија во моментов има на располагање. Другите два авиони се неисправни и се во сервис, додека неисправни се и двата полициски хеликоптери за кои се прават напори утре да бидат во функција.
На терен во Мариово се ангажирани околу 200 професионалци пожарникари, војници, полицајци, вработени во национални шуми како и голем број доброволци.
Утрово загрозени беа и села, како и верски објекти, а од прилескиот кризен штаб беше упатен апел секој што може да земе лопати и адекватни чевли и облека и да помогне во гаснење на пожарот.
Инаку, во вечерниот билтен на ЦУК е наведено дека активни се следниве пожари:
- Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);
2. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);
3. Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);
4. Општина Дебар: с.Бомово (мешана шума);
5. Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума).
Како пожари кои се ставени под контрола наведени се:
1. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);
4. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);
5. Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).