СДСМ, според досегашните информации од ДИК, го доживеа најтешкиот пораз во историјата и според бројот на пратеници станува трета партија во Македонија, по ДУИ.
По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места (426.022 гласови или 43,32%), коалицијата на ДУИ 19 пратеници (137.561 глас или 13,67%), СДСМ 18 мандати (154.684 гласови, односно 15,37% од гласачите), коалицијата Вреди 13 (107.090 гласа или 10,64%), Левица (68.662 гласа или 6,82% ) и ЗНАМ (56.277 гласа или 5,59%) по шест мандати.
Освоените 154.687 илјади гласови се убедливо најслаб резултат за СДСМ на 11 парламентарни избори досега од независноста. На 15 септември 2002 година СДСМ победи со 497.342 гласови, што е и најдобар резултат на која било партија воопшто. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 436.036 гласови, а за Гордана Сиљановска гласаа 561.000 граѓани. Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ освои 251.541 глас.
По изборни единици, бројот на освоени мандати изгледа вака.
ИЕ 1 – Коалицијата Твоја Македонија на ВМРО- ДПМНЕ – 10 пратеници, коалицијата на СДСМ – 3 пратеници, ДУИ и коалицијата – 2 пратеници, Вреди – 2 пратеници, Левица – 2 пратеници и ЗНАМ – 1 пратеник.
ИЕ 2 – ВМРО-ДПМНЕ 8 пратеници, ДУИ – 4 пратеници, ВРЕДИ – 3 пратеници, СДСМ – 2 пратеници, ЗНАМ – 2 пратеници и Левица – 1 пратеник.
ИЕ 3 – ВМРО-ДПМНЕ – 14 пратеници, СДСМ – 4 пратеници, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.
ИЕ 4 – ВМРО-ДПМНЕ – 13 пратеници, СДСМ – 5 пратеници, ЗНАМ – 1 пратеник и Левица – 1 пратеник.
ИЕ 5 – ВМРО-ДПМНЕ – 10 пратеници, ДУИ – 4 пратеници, СДСМ – 3 пратеници, Вреди – 1 пратеник, ЗНАМ – 1 и Левица – 1 пратеник.
ИЕ 6 – ДУИ – 9 пратеници, Вреди – 7 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ – 3 пратеници, СДСМ – 1 пратеник.
Според пријавените листи и редоследот на кандидатите за пратеници на истите, сегашниот состав би изгледал вака:
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 58 пратеници:
ИЕ 1 – 10 мандати:
Христијан Мицкоски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Љупчо Димовски, Синиша Стојаноски, Бети Стаменкоска-Трајкоска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска.
ИЕ 2 – 8 мандати:
Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Бобан Николовски, Бојан Стојаноски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски.
ИЕ 3 – 14 мандати:
Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Никола Коњановски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова.
ИЕ 4 – 13 мандати:
Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоранчо Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Трајанова, Јулија Тушевска, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузманоска.
ИЕ 5 – 10 мандати:
Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакраческа.
ИЕ 6 – 3 мандати:
Дафина Николоска, Александар Велјановски, Валентина Марчевска.
СДСМ и коалицијата – 18 пратеници:
ИЕ 1 – 3 мандати:
Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова.
ИЕ 2 – 2 мандати:
Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи.
ИЕ 3 – 4 мандати:
Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски.
ИЕ 4 – 5 мандати:
Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков.
ИЕ 5 – 3 мандати:
Јован Митрески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Митко Трајчулески.
ИЕ 6 – 1 мандат:
Славјанка Петровска.
Европскиот фронт – 19 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Блерим Беџети Илир Хасани.
ИЕ 2 – 4 мандати:
Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири.
ИЕ 5 – 4 мандати:
Зијадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли. Исмаил Јахоски.
ИЕ 6 – 9 мандати:
Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати, Фатмире Исаки.
Коалиција Вреди – 13 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Изет Меџити, Беким Сали.
ИЕ 2 – 4 мандати:
Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи-Коџаџику.
ИЕ 5 – 1 мандат:
Салим Сулејмани.
ИЕ 6 – 7 мандати:
Биљал Касами, Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи, Садик Сулејмани.
ЗНАМ на Максим Димитриевски – 6 пратеници:
ИЕ 1 – 1 мандат:
Бобан Карапејовски.
ИЕ 2 – 2 мандат:
Даниел Стојчевски, Даниела Белимова.
ИЕ 3 – 1 мандат:
Павле Арсоски.
ИЕ 4 – 1 мандат:
Миле Цеков.
ИЕ 5 – 1 мандат:
Весна Бендевска.
Левица – 6 пратеници:
ИЕ 1 – 2 мандати:
Димитар Апасиев, Реџеп Исмаил.
ИЕ 2 – 1 мандат:
Амар Мециновиќ.
ИЕ 3 – 1 мандат:
Борислав Крмов.
ИЕ 4 – 1 мандат:
Сашко Јанчев.
ИЕ 5 – 1 мандат:
Јована Мојсоска.
На 12 мај на пладне ќе се одржи инаугурацијата на новата претседателка, која ќе даде заклетва пред стариот собраниски состав. Најдоцна за 20 дена по денот на изборите, односно до 28 мај согалсно роковите во Уставот треба да се одржи конститутивна седница зна новиот собраниски состав. Десет дена потоа треба да биде доделен мандатот за формирање Влада на партијата, односно партиите коио освоиле најголем број пратенички мандати на изборите – во случајот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Мандатот на Христијан Мицкоски ќе му го додели претседателката Сиљановска Давкова. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на новата Владата, која се гласа со мнозинство гласови во Собранието – односно 61 пратеник. Согласно овие рокови Македонија би требало да ја добие новата Влада најдоца до 27 јуни.