сабота, 18 мај 2024

Кон стогодишнината од смртта на Франц Кафка, нова книга на Ристо Лазаров во чест на великанот

На 3 јуни се навршуваат сто години од смртта на Франц Кафка (1883-1924), еден од најмаркантните книжевни автори во светот, чијашто слава не бледне, напроотив, уште повеќе сјае и предизвикува голем интерес. А светот годинава со големи почести ја одбележува стогодишнината на знаменитиот чешки писател од светски формат.

Објавено на

часот

Сподели

Издаваштвото „Везилка 2011“ се придружува кон одбележувањето на овој датум со уште една книга од Ристо Лазаров, автор на книгата „Главата на Кафка“ објавена во 2018 година. Како што вели писателот Милован Стефановски, во поговорот на книгата „Кафка“, ова е уште едно видување на животот и делото на знамениот писател. Книгата, како што пишува Стефановски, е уште еден обид на Лазаров, со неговата препознатлива умешност на лапидарен начин да заокружи  и да обликува интересна, поточно „леплива“ тема која со сигурност ќе им го привлече вниманието на сите што имаат слух и интерес за ваков вид четива. Македонскиот читател се среќава со возбудлива документаристичка проза инспирирана од ликот и делото на Франц Кафка.

Милован Стефановски заклучува: додека се чита ваквиот вид проза на ревносниот читател му се создава прекрасна можност постојано да си го замислува амбиентот во кој авторот ги опишува исечоците од животот на Кафка, а паралелно и самиот да го замислува „замислениот свет“ на исклучителниот прашки Евреин, заедно сосе неговите книжевни ликови. Таков ефект врз читателот може да предизвика само проза со високи естетски дострели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ