сабота, 19 октомври 2024

Кон крајот на јуни почнуваат уписите во средните училишта

Објавено на

часот

Сподели

Учениците преку порталот за електронски услуги ќе можат да аплицираат со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

„Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до полноќ и на 21 јуни година до 15 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на и на интернет страницата на МОН, најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на страницата на МОН,“, информираат од министерството.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни, на огласната табла на училиштето и на МОН.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до полноќ и на 29 јуни до 10 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни на и на интернет страницата на МОН, најдоцна до 13 часот.

„Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 часот до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули годинава, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk“, додаваат во МОН.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до полноќ. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 август од 10 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

„По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа“, потенцираат во МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ