сабота, 27 јули 2024

Комунистичка Кина пример за САД

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува Хафингтон пост, во прилог на тезата дека Кина треба да биде економски пример за САД, е изјавата на републиканецот Мајк Кофман, кој изјавил дека Кина остварила континуиран економски раст заедно со слободниот пазар, а тоа е токму тоа што САД одамна го отфрлиле во корист на редистрибуцијата и државната благосостојба.
По него и претставничката на републиканската партија Мишел Бахман изјавила дека „Кина расте како луда бидејќи нема програми ‘Грејт сосаети’ за да ги фрла во ѓубре“.
За крај Хафингтон пост ја пренесува и изјавата на веројатниот кандидат на Републиканската партија на претседателските избори Мит Ромни дека „Кина е место каде што луѓето се збогатуваат со слободно претприемништво и капитализам, додека Американците тоа го гледаат од маргините“.
Ќе биде она нашето „Америка и Енглеска…“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ