сабота, 27 јули 2024

Комуникации и дигитални медиуми – нова програма на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити колеџ

Објавено на

часот

Сподели

Студентите на оваа програма ќе се стекнат со теоретско знаење, но и со практични и технички способности кои се потребни за креирање и дизајнирање содржини на дигиталните и социјалните медиуми. Со овој избалансиран, теоретски и практичен пристап, дополнет со фокус на вештините потребни за 21 век, студентите ќе развијат специфични вештини барани при вработување во овој сектор.

Програмата се изучува на англиски јазик а студиите траат 3 години. Дипломираните студенти добиваат диплома од Универзитетот Јорк, еден од најдобрите универзитети во Велика Британија.

Европскиот кампус Сити колеџ е дел од заедницата на Универзитетот Јорк, еден од водечките британски универзитети во Европа. Универзитетот Јорк е една од најдобрите светски образовни институции за инспиративна настава и истражување што го менува животот. Универзитетот е член на престижната групација Russell, која ги претставува 24те водечки универзитети во Велика Британија со највисоките истражувачки и академски стандарди.

 Комерцијален текст 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ