четврток, 26 декември 2024

Комшике убава: Викторија Велкоска

Објавено на

часот

Сподели

Во салата за вежбање оди 2 до 3 пати неделно, но пред натпревари или годишен концерт Викторија танцува секој ден.

„Вежбите некогаш траат по еден час, а некогаш и подолго. Почнуваме со вежби за растегнување и загревање, а потоа правиме кореографии или ја усовршуваме старата заедно со кореографите Даниел Анѓеловиќ и Андријана Атанасова“, вели таа.

Бидејќи голем дел од времето минува активно, Викторија нема некој посебен режим на исхрана. Не си ограничува што да јаде, не практикува диети и не се занимава со други спортови. Танцот ѝ е на пиедесталот на приоритетите.

Смета дека убавината делумно ги отвора вратите кон успехот. Но и дека не е сè во убавината.

Се релаксира со читање книги. Омилени книги ѝ се „Слатки мали лажливки“ и „Дневникот на Ана Франк“.

На прашањето како треба да изгледа момчето на кое би му го подарила срцето, одговора кратко и јасно – „Да има карактер!“

Од своите родители ја запомнила реченицата „никогаш не му се враќај на минатото, не мисли на иднината, живеј во сегашноста“, и живее токму по тој терк.

Фото – Роберт Атанасовски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ