сабота, 27 јули 2024

Комшике убава: Марија Хаџи-Андонова

Објавено на

часот

Сподели

Оваа амбициозна девојка никогаш не застанува, ни кога ќе се замори. Застанува само малку, колку да земе здив, кога ќе си ја оствари целта. Има планови да успее надвор од Македонија, вели, ако остане тука, колку и да си амбициозен, професијата модел нема да може да се нарече професија туку само хоби.

„Убавината ги отвора вратите кон успехот, тоа сите го знаеме. Но убавината се состои од повеќе нешта. На прв поглед, секој би паднал на физичкиот, убав изглед. Но убавината всушност излегува од душата, без убава насмевка и без шарм, надворешната убавина бргу станува здодевна. Значи, и покрај среденоста од главата до стопалата, со шминка и гардероба, мора да се поседува и шарм и самодоверба. Секоја врата би се отворила на убава насмевка од која зрачи самодоверба“, ни рече Марија.

За себе смета дека е една сосема нормална девојка, која се грижи за својот изглед. Вежба аеробик и пилатес, често пешачи на чист воздух, на природното секогаш му дава предност. Еднаш месечно посетува маникир, во солариум влегува кога има потреба од тоа, исто како што и по потреба посетува козметички салони за третман на лицето.

За да ја одржи совршената линија на телото го избегнува белиот леб, мајонезот и слатките. Никогаш не вечера.

„Секако без физичка активност не можеш да постигнеш убав изглед. Појадокот ми се состои од житарки со баланс плус, на ручекот го избегнувам лебот, а навечер не јадам ништо, понекогаш само салата. За убав изглед треба многу откажувања, без труд ништо не се постигнува.“, објаснува оваа убавица.

Кај припадниците на спротивниот пол, Марија го забележува прво стилот, потоа насмевката и ставата.

„Сакам мажи кои се грижат за себе, таквиот маж веднаш се препознава. А колку пак само може да привлече добар машки парфем, неверојатно!“, забележува таа.

Стилот го дефинира како начин на живот. Ги почитува и другите стилови, на другите луѓе, вели дека секој има право да слуша музика каква што сака и да се облекува како што сака, да се однесува како што сака…Ги почитува сите оние кои имаат дефиниран стил и свое „јас“ во стилот. Смета дека стилот на еден човек покажува кој е, каков е, и што е вродено во него.

Од своите родители оваа убава Македонка има голема поддршка и разбирање, а советот кои тие и го дале, а таа ќе го има секогаш на ум е – „не им верувај премногу на пријателките. Немаш ти време за толку многу пријателки. На крајот ќе ти останат една до две, вистински пријателки, а повеќе не ти ни требаат. Со никого премногу искрена, запомни ги овие зборови!“.

–          Ги запомнив, вели Марија, и почнувам да го гледам ефектот.

    ФОТОГАЛЕРИЈА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ