петок, 18 октомври 2024
Реакција на производителот на чипс

Компанија Чипс Веј тврди дека канцерогениот чипс е уништен, бил наменет само за еден клиент во Хрватска

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.

„Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“, се наведува во соопштението.

Компанијата изјави дека врши редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано е предмет на контрола на надлежните органи.

Европскиот систем за брзо предупредување (РАСФФ) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е производителот Чипс Веј.

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ