петок, 13 септември 2024

Компани дебитираше со победа во Бундеслигата, Гнабри во финишот донесе три бода за Баерн (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Волфзбург во деби натпреварот на Компани во Бундеслигата, Гнабри со гол во 82. минута се погрижи „баварците“ да ги освојат трите бода.

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен со победа ја стартуваше новата сезона, иако малку фалеше да останат без два бода.

Мусиала го отвори резултатот по дваесетина минути игра, но домаќините на стартот од вториот дел направија комплетен пресврт. Мајер најпрво од пенал изедначи на 1-1, за истиот играч во 55. минута да погоди за 2-1,

Камински во 65. минута си постигна автогол и го врати Баерн во игра, за во 82. минута, Гнабри да реализира за победа од 2-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ