петок, 18 октомври 2024

Комити најавија спектакл над спектаклите на 25 април

Објавено на

часот

Сподели

Иако при посетата на Загреб и потпишувањето на соработката со Динамо, не беше официјално најавен датумот на пријателскиот роденденски меч на црвено-црните, на популарната социјална мрежа Фејсбук, а и Комити во своето соопштение на интернет објавија дека спектаклот ќе биде на 25 април во 20.30 часот.


Скопје на нозе со кортео низ цел град, стандардната навивачко-уметничка сценографија преку кореографии и пиротехника треба да го отсликаат  навивачкиот дел од прославата. Изложба на слики, издавањето на книга и ЦД со песни за Вадар е културниот, а фудбалскиот турнир, пак, спортски дел од прославата. Ниту хуманиот карактер нема да изостане, со нова крводарителска акција, а уште помалку и забавниот дел со прослава во некоја од скопските дискотеки.

Вардаровите фанови во изминатите шест месеци комплетно ја свртеа сликата за себе што одамна во јавноста им беше залепена како „толпа на хулигани“, откако веќе направија низа хуманитарни акции, од давање крв преку посета на Пустец во соседна Албанија и хуманитарната помош за Македонците во тој дел, па се до последната предновогодишна посета на домот за деца без родители „25 мај“.

Комити, како неформална група која е непрофитабилна, преку соопштение побараа од своите членови и сите приврзаници на Вардар колку што се во можност финансиски да го помогнат спектаклот со кој ќе се гордее и градот, и клубот и државата

„Потребна е сечија помош за да останеме на нашите правилни идеали и да продолжиме со чување на вистинските вредности. Да покажеме дека сме обединети, дека сме сложни“, стои меѓудругото во соопштението, каде за сите заинтересирани помагатели е објавен и начинот на уплаќање на финансиската помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ