сабота, 19 октомври 2024

Комити како целосни сопственици на Вардар продолжуваат да бараат долгорочно решение за клубот!

Објавено на

часот

Сподели

Навивачите на Вардар го преземаа клубот со цел да помогнат во овој тежок период и да најдат некој кој ќе стане вистински сопственик со високи амбиции.

„Завршени се сите процедури и Комити се целосни сопственици на ФК Вардар. Тоа не значи дека ние како Комити имаме амбиции да го водиме клубот или да бидеме газди. Ние бараме решение на ФК Вардар. Институционално да се реши проблемот на Вардар. Тоа да не биде времено решение, туку трајно. Бараме Вардар да биде ставен во статутот на Град Скопје и на општините. Секако ова е апел и до големите компании кои ќе сакаат да инвестираат во клубот кои би биле дел од еден проширен управен одбор кој би бил шаренолик и кој би функционирал нормално”, рече еден од првите раководители на клубот Милорад Миленковски.

Вардар уште чека на ветените пари од Град Скопје, а Миленковски е уверен дека наскоро ќе легнат на сметката на клубот.

„Распределбата на ветените средства од Град Скопје Вардар ќе ги добие, но мора да помине уште една седница на советот. Се работи за сума од десетина милиони денари, кои што ќе му помогнат на Вардар да профункционира нормално до декември“, додаде Миленковски.

Миленковски ги повика институциите конечно да се одважат и да одговорат на барањата кои им се доставени, а после повеќе од два месеци нема никаков одговор.

„Од 28 јуни немаме одговор од ПУИГ, исто и од УЈП, документите лично се доставени, исто и секретаријат на Влада, до премиерот… Никој не ни одговара. Не сакаме никого да прозиваме, сакаме само да ги мотовираме да се одважат и да почне институционално да се решава проблемот”, додаде Миленковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ