петок, 13 декември 2024

Комитетот на ОН не даде едногласна препорака за прием на Палестина

Комитетот на Советот за безбедност на Обединетите нации за разгледување на приемот на Палестина како полноправна членка на ОН вчера соопшти дека не успеал да даде едногласна препорака за ова прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите на Палестина може веќе оваа недела да побараат гласање во Советот за безбедност за примање на таа држава како полноправна членка на ОН, што практично би значело признавање на Палестина како држава, пренесува Ројтерс.

Досега независноста на Палестина, која во моментов има статус на набљудувач во ОН, ја признаа 138 од вкупно 193 членки на тоа тело.

Барањето на Палестина мора да биде одобрено од Советот за безбедност, каде што САД, сојузник на Израел, може да стават вето на гласањето.

Ставот на САД е независноста на палестинската држава да се случи преку преговори со Израел, а не преку ОН, потсетува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ