сабота, 21 декември 2024
Ако се утврдат неправилности договорот ќе биде раскинат

Комисија во МО ќе испитува дали работи правилно фирмата од која труење добија војници во Армијата

Во Министерството за одбрана (МО) е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата, како што велат од МО, е формирана по пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово на 12 септември годинава по консумирање храна во објектите.

„Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, Министерството ќе преземе мерки за раскинување на договорот“, посочуваат од МО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ