петок, 26 јули 2024

Комисија од МЗ ќе испитува зошто родилка се обиде да се самоубие скокајќи од ГАК

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). 

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата е составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од Министерството и има задача да изврши надзор над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.

„По добивање на извештајот  од стручен надзор, јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба. Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“, соопшти Министерството за здравство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ