Во изјава за МИА, Мемеди вели дека според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.
Тој најави дека комисијата ќе се состане во понеделник и ќе ги разгледа сите аспекти и дека ќе биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.
Мемеди синоќа заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на тримесечното бебе.
Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв.
Министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.