сабота, 27 јули 2024
Серија А

Комичен автогол на Гало, Наполи и Елмас побегнаа на +19 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Наполи можеби во мислите го имаше дуелот против Милан во Лигата на шампиони но избраниците на Спалети не се опуштија на гостувањето кај Лече, триумфираа со 1-2 и направија +19 на врвот на табелата.

Ди Лоренцо го отвори резултатот во 18. минута, дефанзивецот највисоко скокна по една нафрлена топка и погоди со глава за 0-1.

На стартот од вториот дел, Ди Франческо изедначи на 1-1, но само десетина минути подоцна Наполи се врати во водство.

Антонио Гало реагираше неспретно и си постигна комичен автогол, го лобуваше својот голман од пет метри.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер и целиот натпревар го помина на теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ