среда, 18 септември 2024

Комерцијална банка: Нашата понуда за Стопанска банка Битола е прва и последна

Комерцијална банка нема да коментира поединечни изјави на акционери на Стопанска банка Битола, дури и да се тие квалификувани акционери. Објавивме јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола, во која се содржани сите важни елементи како што се понудената цена од 3.200 денари по акција, прагот на успешност од 67% плус една акција од вкупно издадените акции и рокот за изјаснување на акционерите заклучно со 22 септември 2024 година. Сите други информации се содржани и во придружниот проспект кон јавната понуда, се вели во реакцијата на Комерцијална банка на вчерашното соопштение на Пелистерка, како еден од поголемите акционери во Стопанска банка Битола.

Објавено на

часот

Сподели

„Надвор од овие законски пропишани документи, Комерцијална банка нема ништо дополнително да додаде или да коментира никакви други изјави сѐ до завршување на законски пропишаниот рок.

Комерцијална банка само уште еднаш истакнува дека оваа нејзина понуда ќе биде прва, последна и единствена понуда за откуп на 100% од акциите на Стопанска банка Битола“, соопшти банката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ