вторник, 16 април 2024

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка АД Скопје денеска го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2023 година со бруто-добивка во износ од 3.912,6 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 331,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 3.581,4 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 3.581,4 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 91% од номиналната вредност на акцијата, односно 910 денари за една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 25.04.2024 година, велат од банката.

„Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.377,4 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 130 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2024 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.

Собранието ги усвои и финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка за 2023 година, Годишниот извештај за работењето во 2023 година и именуваше членови на Надзорниот одбор на Банката за следните четири години“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ