четврток, 12 декември 2024

Командантот на бунтовниците во Сирија: Ќе ги најдеме луѓето на Асад и помилување не доаѓа предвид

Врховниот командант на сириските борци што го соборија повеќедеценискиот претседател Башар ал-Асад рече дека секој што бил вклучен во мачење и убивање на луѓето што Асад ги заробил за време на неговото владеење ќе биде фатен и дека помилувањето не е опција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ги бркаме низ Сирија и ќе бараме од земјите да ги предадат оние што избегале, за да можеме да ја спроведеме правдата“, рече Абу Мохамед ал Голани во изјава објавена на каналот на сириската државна телевизија на Телеграм.

Најавата на Голани дека ќе им се одмазди на поручниците на Асад за тортура и смрт доаѓа додека светот стрепи дали новите владетели на Сирија можат да ја стабилизираат земјата по 14-годишната граѓанска војна, која ја остави во хаос.

Мохамед ал-Башир, човекот поставен од борците на Голани да ја води привремената администрација до 1 март, ги молеше милионите бегалци да се вратат дома. Но малку финансиски средства има за обнова.

„Во касата има само сириски фунти, кои вредат малку или ништо. Еден американски долар се купува со 35.000 наши монети“, изјави Башир за италијанскиот весник Кориере дела сера. „Немаме девизи, а што се однесува до заемите и обврзниците, сè уште собираме податоци. Значи, финансиски сме многу лоши“, додаде тој.

Тој посочува и дека сојузот предводен од исламистите ќе ги гарантира правата на сите верски групи.

Во војната загинаа повеќе од 500.000 луѓе, а повеќе од половина од населението беше принудено да ги напушти своите домови. Околу шест милиони Сиријци побараа засолниште во странство.

Странските претставници се претпазливи во контактите со поранешните бунтовници, кои САД, ОН, ЕУ и други ги сметаат за терористичка организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ