Додека Русија и понатаму се обидува да го одбие нападот седум дена откако започна, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од Олександр Сирски, шефот на вооружените сили, кој известува за борбите.
„Продолжуваме да спроведуваме офанзивна операција во областа Курск. Во моментов контролираме околу 1.000 квадратни километри од територијата на Руската Федерација“, рече тој. Зеленски рече дека подготовката на „хуманитарен план“ за областа била наредена на состанок на државниот врв.
We now control about 1,000 square kilometers of Russian territory – Ukrainian Commander-in-Chief Syrskyi.
Today, President Zelenskyy held a meeting of the Headquarters of the Supreme Commander-in-Chief, where, for the first time, he officially mentioned the operation in the… pic.twitter.com/k0DGSvbOVn
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 12, 2024
Вршителот на должноста гувернер на Курск, Алексеј Смирнов, изјави дека Украина држи 28 населени места и дека со нападот е навлезено 12 километри во длабочина на територијата и 40 километри во ширина.
Украинскиот лидер во соопштение рече дека на Министерството за одбрана и на дипломатите им е наредено да подготват список на „неопходни постапки“ за да се обезбеди согласност на западните сојузници на Киев да користат оружје со долг дострел за напади во Русија.
Министерот за одбрана Рустем Умеров претходно денеска апелираше до Париз да ја укине забраната за употреба на западно оружје за воени цели во Русија за време на телефонскиот разговор со својот француски колега Себастијан Лекорну, се додава во соопштението.