вторник, 14 мај 2024

Командант на украинската армија: Нашата армија загуби позиции на истокот на земјата

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски изјави денеска, откако Москва објави дека ја презела контролата врз селото Новобахмутовка во регионот Доњецк, дека ситуацијата на теренот се влошила и дека неговите војници заземаат нови позиции на најмалку три линии на фронтот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Сирски на својот канал Телеграм изјави дека руските сили активно напаѓаат по целата линија на фронтот и дека украинските единици се префрлиле на нови линии западно од Бердичи, Семеновка и Новомихајловка.

Врховниот командант додаде дека руската страна со четири бригади се обидува да развие офанзива западно од Авдејевка и Маринка, пробивајќи се до Покровско и Курахово, пренесува Униан. Сирски наведува дека има „динамична промена во ситуацијата“ и дека поединечните позиции се менуваат „од рака на рака“ неколку пати во текот на денот, што доведува до „двосмислено разбирање на ситуацијата“.

Денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија ја презела контролата врз селото Новобахмутовка во самопрогласената Доњецка народна република, што беше клучна точка во борбите во последните неколку дена.

Според РИА Новости, Новобахмутовка се наоѓа северозападно од Авдеевка, на истокот на Украина, а преземањето контрола врз тоа село отвора можност руските сили да ги опколат украинските сили кои го бранат селото Бердичи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ