сабота, 27 јули 2024

Командант на НАТО силите за Европа: Украина е во добра позиција за контраофанзива

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува денеска Гласот на Америка, украинските власти и нивните западни сојузници не ги кријат плановите за воената кампања насочена кон заземање на украинската територија која сè уште е под руска контрола, додека се погласни се шпекулациите дека офанзивата ќе започне за неколку недели, ако не и порано.

Независно од тоа кога ќе започне офанзивата, Каволи, кој е и командант на американските воени сили во Европа, изрази уверување дека украинските сили нема да бидат запрени поради недоволно вооружени системи или резерви на муниција.

„Ги завршивме нашите испораки во Украина. Повеќе од 98 отсто од борбените возила се веќе таму“, изјави генералот Каволи пред членовите на американскиот Конгрес во средата.

Одговарајќи на прашања за подготвеноста на Украина за пролетна офанзива, Каволи рече дека е уверен дека материјалите што им се потребни на Украинците се доставени.

„Ќе ги одржуваме каналите за снабдување за да ги поддржиме нивните воени операции“, рече американскиот генерал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ