среда, 23 октомври 2024

Командант на германската војска: Германија да биде спремна за војна со Русија за пет години

Германија би требало да биде спремна за воен конфликт од широки размери со Русија за пет години, изјави командантот на регионалната команда на германската војска Бундесвер во Хамбург Михаел Гис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во Германија денес сме со километри далеку од тоа да да препознаеме надворешна закана, додека луѓето во балтичките земји или Полска, на пример, се во сосема поинаква ситуација“, кажа Гис за германски Велт.

Тој додаде дека, внатрешниот часовник кој го има како војник, му кажува дека Германија за пет години ќе мора да биде отпорна и спремна како општество да поднесе надворешна воена закана.

Берлин во март 2023 почна да го разработува својот „Операциски план на Германија“, стратегија за национална воена подготвеност со партнерство на НАТО.

Гис наведе дека тој план предвидува Германија да се подготви „за конвенционален напад на Русија за пет години“.

Тој додаде дека Русија е веќе ангажирана во хибридна војна против НАТО, откако веќе неколку години спроведува сајбер напади, саботажи и кампањи на дезинформации.

„Цела Германија мора да се подготви за војна“, порача Гис.

Колумнистот на Шпигл Расмус Бухштајнер детално го опиша „Операцискиот план на Германија“.

„Во случај да дојде до ескалација на источното крило на НАТО пактот, стотици илјади војници ќе мора да бидат распоредени. Во тајниот документ на Бундесверот е разработен акциски план во случај на таков развој на настаните“, вели тој.

Ако дојде до заострување на ситуацијата, планирано е од Холандија, Белгија и западните региони на земјата да се префрлат 800.000 војници и 200.000 единици на техника, истакнува тој.

Операцијата би можела да трае од три до шест месеци, а воениот конвој во тој случај би се протегал на 13.000 километри. Како што е прецизирано, за обезбедување на автопатот А2 од Оберхаузен до Берлин во западна Германија би била потребна координација со полицијата и другите цивилни органи.

Во документот наречен „Операцискиот план на Германија“, како главна задача се наведува обезбедување на распоредувањата и снабдување на трупите на НАТО со гориво, храна и лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ