Притоа, во тој контекст многу колумни посветив на овие прашања, а се со цел преку критика да се дојде до подобрување на образовниот систем. Но, тогашната власт предводена од властодршците на сега веќе длабоко пропаднатиот СДСМ беше глува на моите забелешки, сугестии и пријави за злоупотреби. Тие не беа во состојба да имаат слух за овие работи и покажуваа крајно арогантно однесување, промовирајќи недопирливост, нетранспарентност и позиција на моќ. Тие практично го урнисаа системот на образование, а посебно високото образование со загрижувачка нефункционалност на системот.
Брановите на промена со кои беше заплисната власта во Република Македонија во 2024 година во суштина го активираа ѕвоното за реформа на високото образование. Владата предводена од премиерот Мицкоски, веднаш ги создаде сите неопходни услови за реализација на оваа стратешка цел. Конкретно, на институционално ниво Државниот просветен инспекторат стана орган во состав на Министерството за образование и наука со што се овозможи подобра релација со министерството и градење на хиерархија која ќе овозможи подобра соработка и понепосредна комуникација. Исто така, беше создадено телото за реформа на високото образование и посебно за одбележување е позицијата Национален координатор за реформа на високото образование.
Значи, да резимирам, Владата на чело со премиерот ги отвори прозорците за успешна работа и резултати и како ниту една Влада до сега даде конкретен придонес за подобрување на квалитетот на високото образование.
Исто така, би навел дека и во овој период продолжив преку колумни и ТВ гостувања да укажам, да помогнам да се активираат сите овие делови на образовниот институционален дизајн кои ги воспостави Владата.
Чудно, како одредени поединци на кои им беше дадена довербата и сѐ уште таа доверба опстојува се однесуваат во удобните фотелји и ги користат бенефитите на власта, а притоа и покрај сѐ што им е дадено не го испорачуваат очекуваниот резултат.
Кој резултат има реформата на образовниот систем од работењето на националниот координатор за реформа на високото образование? Освен неколку гостувања на со кои жолчно изразуваше сопствени ставови во однос на тоа како треба да напредува во високото образование наставниот кадар и заканите дека не мора секој во својот работен век да дојде до редовен професор, друго не се слушна. А дали таа проефсорка се запрашала како таа напредувала до редовен професор и дали само таа може да напредува до редовен професор, кој мешетареше од државен универзитет, па во приватен универзитет, па повторно во државен универзитет и конечно во политика за да се дореализира како редовен професор. Не видовме некоја серозна анализа за состојбите во високото образование во јавноста од нејзина страна, освен ТВ гостувањата кои според мене не се научна анализа и истражување. И тука, би кажал дека и нејзината партија е на ниво на човек партија, без седиште, состаноците често ги одржувале на клупи во парк, во кафичот Жпон во Карпош, а сега навистина не знам која им е адресата. Овие нови партијци вешто успеваат преку ТВ гостувања да се наметнат со кренатиот глас да се обидат да се факторизираат и на тој начин да глумат дека се дел од власта. Која е цената која се плаќа за еден координатор со резултати еднакви на нула според мене (во отсуство на јавно доставен извештај за постигнати резултати од првата година од поставување на функцијата национален координатор?), навистина не ја знам. Но, едно знам, заради лични суети не испорача резултат еднаков на можностите кои беа дадени од Владата, а не беа скромни. Прво, оваа координаторка, не придонесе транспарентно да се објави Работната група за измени на Законот за високото образование (ако тоа не направила министерката, координаторката требаше да ги употреби сите механизми и да го направи процесот транспрентно. Јавноста не ја интересираат нивните интерперсонални односи!). Зошто? На кого му е потребна таква нетранспарентност? Ако може Владата да покажува највисоки стандарди во однос на транспарентното и отчетно работење, зошто ова не е случај со националната координаторка за реформа на високото образование? Очекувам Извештај за 2024/2025 година за работата на Националната координаторка за реформа на високото образование до крајот на оваа година. Да видиме јавно што сработила, колку седници одржала, колку акти подготвиле, секако може да си ги стави и ТВ гостувањата и колкав ѝ е рејтингот кај граѓаните за нејзината работа, а посебно кај академскиот кадар.
Лесно ѝ е на координаторката да си ужива во бенефициите кои ги носи таа позиција и со некое ТВ гостување да истресе „закани” кон професорите од типот немало да има веќе можност секој кој е во високото образование да се пензионира како неа со звање редовен професор, кон образовните институцииод типот ќе се затворале универзитети и што ли уште не. Со таквите негативни изјави единствено што придонесе е да се создаде револт и сето тоа понатаму да има и политички реперкусии доколку не се заузда оваа координаторка навреме (многу има добиено со човек – партија.).
Не помалку штета според моите анализи во овој правец гледам и во работењето на министерката за образование и наука. Во ист стил, но од позиција на неприкосновена министерка се заканите и пофалбите дека затворила институти, факултети и со тоа го подобрила квалитетот на високото образование? Хахаха, до толку го подобри што сега на конкурсите за избор во звања почнаа да се пријавуваат и професорите од Шангај. Смешно и жално.
Арогантно однесување, изјави со потсмев дочекани во јавноста: учениците да учат англиски јазик од филмови, глувци имало насекаде, не само во студентските домови, а притоа, да се глуми нешто сосемо друго и успешно вдомување на зетот од ќерка да го води кабинетот на министерката за енергетика, а сега после една година од таму да се префрли во МЕПСО (му се може). Вака ли министерката ја користи функцијата да си ги смести блиските на високи позиции и со високи плати? Нејзината самобендисаност ја гледале и соседите секое утро кога доаѓал возачот да ја однесе во министерството кој морал еден час да ја чека во возилото додека да се симне госпожата министерка. Сето тоа народот го гледа и сето тоа народот го вреднува кога заокружува гласачко ливче.
Но, да се вратам на високото образование… Министерке, до каде е новиот закон за високото образование? Министерке, каде се јавните расправи за новиот закон за високото образование? Министерке, вие ветивте дека јавноста ќе биде вклучена? Засега само е исклучена како во некои поранешни неубави времиња! Министерке, зошто не ја објавите Работната група за новиот закон за високото образование? Министерке, дали се плаќаат членовите на Работната група за новиот закон за високото образование?
Министерке, објаснивте дека членовите на работната група работат по области, кои се тие области и кој е интегритетот на членовите, по кој критериум ги избравте? Случајно да прашам дали член на оваа работна група е сопартијката на националната координаторка на високото образование проф.д-р Лидија Горачинова Илиева? Дали оваа професорка во исто време е и декан на Факултетот за информатика според објавата на сајтот на Универзитот кај што работи? Дали има судир на интереси поврзан со нејзината партиска активност во партијата Глас за Македонија и деканската функција согласно Законот за високото образование? Дали оваа професорка покрај тоа што е декан и професор на факултет предава и во средно школо – математичка гимназија? Каде го има тоа во светот? И сега ќе ме убедите дека ќе подготвите квалитетен закон!
Министерке вие работите незаконито, сега кога Државниот просветен инспекторат е под ваша закрила (да ве потсетам денот кога се направи законската измена, кога сте ги повикале кај вас и крајно арогантно сте им се обратиле со зборовите дека отсега се ваши вработени и наредби од вас ќе добиваат. Многу репресивно и затоа немате почит, а за притисоците ќе има време за одговорност, се ви се бележи!), Вие министерке иако знаете со непреземање на мерки да се почитува законската одредба декан да се занимава со партиски активности вршите кривично дело! Погледнете го сајтот на Универзитетот кај што е декан оваа професорка и човек од доверба на националната координаторка и земете го еднаш Законот за високото образование и превземете активности (ист е случај и со ректорот на Европскиот универзитет со кој се сликате, а сепак го кршите законот. Деканот и ректорот не смеат да се во телата на партиите министерке, ви се смеат професорите со промоција на оваа незаконитост! Или што сторивте со ректорот на УИНТ-Охрид, што има ненострифицирана магистерска диплома и е предмет пред ОЈО и МВР!).
Министерке, зошто овие членови не се појавија еднаш во јавноста и да соопштат еден предлог решение од одредена област, за да можеме ние како јавност да дадеме прилог?
Министерке, колку модели на закони за високо образование досега имате, 2,3,4? Министерке, до каде е Стратегија за образование?
Министерке, која е Работната група што ја работи? Гордана Лажетиќ ли е повторно во прашање, само да прашам? Се извинувам дописен член на МАНУ, личност, која во времето на СДСМ заедно со Лазар Нанев беше двигател во Министерството за правда, ама сега е вдомена во МВР како предавач? Пари, пари и само пари…. ненаситни луѓе. Затоа ќе побарам да се објават посебно приходите на месечно ниво за сите овие експерти и да се види како е можно толку да работат воопшто?
Министерке, зошто не се објави вашиот рејтинг кај граѓаните како министер?
Има уште многу зошто и затоа… ама полека сѐ ќе ви биде објавено и овој двоец министерка и национална координаторка мора да ги победат суетите и самобендисаноста со кои ѝ наштетуваат директно на Владата која работи со полн капацитет, а народот го гледа тоа и ја награди со победа на изборите. Сето ова е пред сѐ заслуга на премиерот и негова неуморна работа и резултати, а вие се шлепувате и уживате во функционерските фотелји!
Ѓорѓи Илиевски,
виш просветен инспектор во пензија












