среда, 10 декември 2025
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

За дупките

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Едно од најголемите достигнувања на апсурдистанската демократија беа дупките. Апсурдистан беше прославен како по обемноста, така и по разноликоста — или како што тоа денес е модерно и политички коректно да се каже — диверзитетот на своите дупки: дупки на улиците, дупки во законите, дупки во образованието, дупки во идентитетот, дупки во џебовите, дупки во ѓевреците… Едноставно кажано, секој Апсурдистанец, уште веднаш штом беше роден, го чекаше еден демократски плурализам од дупки.

Несомнено, таму кај што има дупки мора да има и дупачи: тука, апсурдистанските политичари беа ненадминати. Нивниот успех во голема мера се должеше на нивната спрега со новинарската и експертската фела — уште една клучна особеност која Апсурдистан ја споделуваше со напредните демократии. Најпосле, мора да се спомене и дека постојаното отворање на нови дупки и продлабочување на постоечките не ќе беше возможно без сесрдната поддршка и охрабрување од вечните стратешки партнери на Апсурдистан од Метафизичката Унија. Впрочем, Метафизичката Унија побара од Апсурдистан да ги внесе дупките во Уставот,  како израз на својата крајна посветеност кон истите.

Самите апсурдистански граѓани, пак, добро ја разбираа важноста на дупките за демократијата; ништо не го илустрираше овој факт подобро од тоа што постојано паѓаа во дупките кои за нив ги беа спремиле нивните политичари и Метафизичката Унија. Тешко беше да се каже кои од овие дупки им беа омилени на апсурдистанските граѓани. Веројатно тоа беа дупките во џебовите.

Затоа, кога еден ден граѓанинот Шљупков отвори една скромна маалска пекара во Апсурдистан во која продаваше ѓевреци без дупки, сосема разбирливо мораше да се соочи со експресна казна и најостра осуда од оние кои продаваа дупки без ѓевреци!

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Јове Кекеновски

Што мора да следи по конгресниот говор на Мицкоски?

Братислав Димитров

Врата на тишината

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ