недела, 4 мај 2025
Александар Стојановски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Во Словачка иницијатива за укинување на санкциите против Русија

Упорноста на ЕУ администрацијата и на САД за воведување на нови и нови санкции против Русија не ги дада планираните и посакувани резултати. Напротив, штетата очигледно е на другата страна. Не случајно се појавуваат и иницијативи за укинување на санкциите.

Во јули словачкото Движење за преродба објави соопштение во кое ги повика граѓаните на Словачка да потпишат петиција за одржување референдум за повлекување на Братислава од режимот на санкции против Русија.

Собирањето потписи е во тек. Во Словачка потребни се 350 илјади граѓани да покренат иницијатива за референдум. До 16 ноември собрани се 120 илјади потписи. Ако на иницијативата се потпишат 350 илјади словачки граѓани, тогаш претседателот ќе биде обврзан да распише референдум. Во случајов, собирањето потписи е против воведените санкции против Русија и прекин на конфронтацијата со Москва.

Од раководството на невладината организација посочуваат дека воведените санкции против Русија по диктат од Брисел се против националните и државните интереси на Словачка. Санкциите ја оштетуваат економијата на земјата.

И Македонија е дел од оваа политика на ЕУ и САД за воведување на санкции против Русија и покрај економските интереси на земјите. Од регионот, Србија, Турција, Босна и Херцеговина не се приклучија на санкциите. За нив на прво место се националните интереси и тие водат прагматична надворешна политика – гледаат кон Запад, ама не го забораваат и Исток.

Во Словачка, без разлика на резултатот од собирањето потписи за референдум, веќе се размислува и за укинување на санкциите. Таква иницијатива има и во Унгарија.

Во Македонија молк. Диктатот слепо се следи и од новата влада и покрај најавите за поотворена македонска надворешна политика.

Огромен е бројот на податоци кои ја покажуваат апсурдноста на овие мерки. Бројни се и информациите за разноразни патишта за бајпасирање на овие санкции од земји членки на ЕУ. Санкциите го ограничија извозот и увозот на стоки, што доведува до загуби за европските компании, особено во индустриите поврзани со енергетиката, земјоделството и индустријата.

Санкциите го ограничија пристапот до рускиот пазар за европските компании. Нивното отстранување може да ги оживее инвестициските проекти, особено во енергетскиот и технолошкиот сектор.

Европа активно бара замени за рускиот гас и нафта, но таквите алтернативи често се поскапи и бараат значителни инвестиции во инфраструктурата.

Укинувањето на санкциите би можело да ја врати можноста за склучување профитабилни долгорочни договори со Русија кои би обезбедиле одржлива енергетска безбедност. Санкциите ги погодија европските компании кои работат на рускиот пазар, што доведе до губење на работни места и помали приходи во одредени сектори.

Да не заборавиме и на подобрената геополитичка стабилност.

Оддалечувањето од политиката на санкции може да биде чекор кон враќање на дијалогот и соработката меѓу Русија, ЕУ и кандидатите за членство во ЕУ. А тоа ќе значи и фокусирање на поитни прашања, како што се климатските промени, миграциската криза и борбата против тероризмот.

Таквиот потег на укинување на санкциите против Русија ќе значи и намалување на влијанието на трети земји и на зависноста од САД. Многу европски земји ги гледаат санкциите како инструмент на американската политика што не секогаш се совпаѓа со нивните сопствени интереси.

А ова е битно не само за поедини земји членки на ЕУ, туку и за зајакнување на автономијата на ЕУ. На олеснувањето на политиката на санкции може да се гледа како на чекор кон поголема независност во одлучувањето и зајакнување на стратешката автономија на ЕУ.

Александар Стојановски, Брисел

КОЛУМНИ

Филип Клетников

Првомајски записи

Ристо Цицонков

Преглед на потрошувачката на енергија во светот

Љубомир Николовски

НБА МВП

Aмер Капетановиќ

Достоинство на работа во ерата на турбуленции

Рајко Пеколски

Сериски самоубиец

Билјана Ванковска

Златен јубилеј, сложена врска: 50 години од билатералните односи меѓу ЕУ...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ