сабота, 13 декември 2025
Рајко Пеколски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Сoвремена теорија на бајката

Повести за многупоучните бесрамно бесмислени и несомнено вистинити авантури на многунепочитуваниот даночен обврзник потрошувач гласач и дисциплиниран пушач Неговото граѓанско Височество - граѓанинот Шљупков и за тоа како тој виде посведочи и доживеа многу згоди и незгоди во Апсурдистан и северно од него извлекувајќи високопоучни слова за граѓанските доблести на послушноста политичката коректност јавниот ред и морал правото и демократијата или скратено – таму негде јужно на север.

Еден ден принцезите решија дека повеќе не им требаат принцови во нивните бајки за да си живеат среќно и задоволно до крајот на животот, туку дека си се доволни самите себеси такви какви што се. Така, принцезите станаа феминистки.

А што се случи со принцовите од бајките? Е, тука е малку покомплицирано. Некои од нив решија да им вратат мило за драго на принцезите, па решија дека повеќе нема да се борат со страшниот змеј за спасот или љубовта на некоја принцеза, туку ќе се борат исклучиво за кралската круна. Од овие принцови настанаа кариеристите. Другите принцови, пак, страшно се разочараа и веќе не се бореа за ништо туку едноставно преминуваа од скутот на своите мајки во скутот на своите „принцези“ како бонови за храна. Од овие принцови настанаа папучарите.

Но тука не завршува метаморфозата на старата добра бајка. Се појавија и принцези што одеа по принцези и принцови што одеа по принцови, па принцези што одеа по змејови, принцови што одеа по змејови… Човек за глава да се фати!

Единствено што остана непроменето во бајките се – змејовите!

А Шљупков? Шљупков отсекогаш бегаше од бајките ко ѓаол од крс! На Шљупков не му требаа разни високопарни академски теории на бајката, зашто самиот добро знаеше дека од читање бајки на луѓето им паѓаат секакви будалаштини на памет. Како, на пример, да веруваат дека можат да си живеат среќно и задоволно до крајот на животот!

 

Рајко Пеколски

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Огледалце, огледалце мое: Трамповата Стратегија за национална безбедност и американските илузии

Далибор Ступар

Зошто Србија толку многу се плаши од Русија?

Илина Мангова

За системски, наместо проектен, пристап кон државата

Ристо Цицонков

Мигранти заради климатски промени

Јове Кекеновски

Што мора да следи по конгресниот говор на Мицкоски?

Братислав Димитров

Врата на тишината

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ