За само еден месец летово рејтингот на довербата на украинскиот претседател
Довербата во украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на најниско ниво откако тој се обиде да ја ограничи моќта на антикорупциските надзорни тела и да ги потчини на лично избраниот генерален обвинител.
По овие протести законот беше повлечен, независноста на антикорупциските тела беше зачувана, но довербата е веќе разнишана. Експертите предупредуваат дека овој тренд на опаѓање е „загрижувачки сигнал“, и дека власта треба внимателно да го провери и промени својот однос со јавноста.
Зеленски долго време имаше стабилна поддршка меѓу граѓаните на Украина и како воен лидер и гарант за реформските акции. Но, неговата екскурзија во обидот да ги стави под контрола и антикорупциските органи ја смени сликата за него. Освен реакциите од Европа, многу поболни се реакциите на граѓанското општество во Украина.
Генерално, за време на војна навистина мал е просторот за дискусии за демократија, транспарентност, реформи… Сепак, Зеленски секогаш самиот сакаше да ја прикаже Украина како демократска земја и во војна. Како држава која послушно ги спроведува рефорсмките задачи од Брисел. Но, очигледно е дека народот виде нешто друго, виде дека црвените линии се поминати.
Зеленски се обиде да воспостави контрола врз две клучни институции што се борат против корупцијата: Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО).
„Вето на законот!“ и „Не за притисокот врз независните институции“, пишуваше на паролите за време на протестите во Киев на 23 јули. Тоа беше убедливо најголемиот протест од почетокот на руска инвазија во февруари 2022 година. Слични протести се одржаа и во десетина други украински града, Лавов, Дњепар, Одеса…
Револтот стана уште поголем откако се виде на кој начин беше прошверцуван законот, за еден ден, како амандман прикриен во неповрзани реформи во безбедносниот сектор.
Украинците поминаа преку тоа кога мандатот на Зеленски му заврши. Но не и преку ова. Немаше сериозен притисок за одржување избори во екот на војната, но ова за нив очигледно беше нешто друго. Генералниот обвинител доби проширени овластувања над НАБУ и САПО, контрола врз истрагите, пристап до случаите, овластување да ги суспендира истрагите или да ги префрли на други агенции за спроведување на законот… И тоа во време кога се погласни стануваа гласините дека во истрагите на НАБУ биле вмешани луѓе блиски до самиот Зеленски.
Иако е сето ова поврзано со процесот на пристапување во ЕУ, сепак и однесувањето на Брисел ја покажа рамнодушноста кон тоа и потврда за нивната констатација дека Украина сè уште не е подготвена.
Корупцијата на власта е тема присутна и многи пред руската инвазија. Од 2022 година сомневањата за коруптивната власт, за вмнешаноста на воени лица во тоа само се зголемуваа. Сузбивањето на ендемската корупција е услов за приклучување на Киев во Европската Унија, како и обезбедување милијарди помош од Западот. Независни истражители во последните месеци ги посрамотија високите функционери со обвинувања за корупција.
Александар Стојановски, Брисел











