понеделник, 8 декември 2025
Ѓoрѓи Илиевски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Реформата во образовниот систем и улогата на МОН

Министерството за образование и наука е двигателот на реформите на образовниот систем на сите нивоа и ја има главната улога во менаџирањето на состојбите во образовниот систем во целина.

Прашањето за капацитетот на оваа институција под менторирање на министерката и нејзиниот „најуспешен тим“ секако дека се доведува во корелација со успехот на една реформа. Но, што имаме во реалноста оваа година ипол под водство на министерката за образование и наука? До каде се реформите и дали нашето образование се движи во вистинска наука?

Од една страна би ги поздравил декларациите и суштинските определби на Владата и условите кои ги обезбедува за да почнат работите во оваа област да се придвижат во вистинска насока. Секому треба да му биде чест и достоинство да биде дел од Владата која неуморно се бори со реликтите од кадрите сместени во удобните фотелји низ институциите во нашата држава.

Но….дали сме среќни со функционирањето на одделни институции и работата на одделни министри, а посебно на ресорот образование и наука?

Еве да почнам со една длабока анализа.

Актуелната министерка ќе остане запаметена како ги упатува основците да учат англиски јазик од гледање на серии од ТВ!? Ова е упатување од редовен професор на Медицинскиот факултет во пензија. Да, таа може како пензионер да биде министер, а за другите да укажува дека како пензионери не се потребни…

Потоа, следи забележувањето дека истата личност, после свеченото промовирање на телото за реформа на високото образование и улогата на професорката исто во пензија Солза Грчева, едноставно да исчезне оваа идеја и да се задуши работата на ова тело. Какви хирови и лични суети се во прашање? Владата донесе одлука за функционирање на ова тело, но резултат нема. Затоа се поставува прашањето по чија цена се оневозможи функционирање на ова тело? Двете професорки повеќе не се појавија во јавноста. Министерката сметаше дека „мечот” е кај нејзе и таа само по нејзин план и став ќе одлучува што и како ќе биде. Сите нејзини досегашни изјави беа со закани кон образовните установи, со промоција на негативни вести од типот затворени 14 институти кои никогаш и не работеле… тоа за неа е врвен успех! Замислете да ја ставеа министер за внатрешни работи, таа ќе беше тоа што ниту една ваша имагинација не може да си дозволи. Репресија! А колку, со таа нејзина самобендисаност придонесе за разочарување кон гласачкото тело во нашата држава.

Оваа министерка толку настојуваше да се промовира како „млада невеста“ што понекогаш беше присутна на ТВ повеќе од целокупна влада во исто време. Кој наратив е тоа? Која потреба? А јавноста секогаш ја доживуваше негативно. Па ја сликаа како поминува низ трева сред бел ден, како со мобилен разговара при премин на улица и што ли уште не.

Таа сама си се фалеше заедно со нејзиниот тим сочинет од кадри лојални на еден поранешен министер за образование и наука.

Таа беше брана за време на нејзиниот мандат барем еднаш да се појават самостојно или заедно со неа заменик министерот за образование и наука или државниот секретар. Едноставно се чувствуваше како во ова министерство да работи само министерката. А незадоволствата кај граѓаните од нејзиното јавно појавување растеше континуирано.

Но, таа успешно си го вдоми нејзиниот зет од ќерка да го води кабинетот на министерката за енергетика и тоа веднаш откако беше именувана за министер за образование и наука. Нема непотизам или влијание од неа кога се работи за нејзиниот зет. Сега најновата информација стигната до мене е дека се префрлил во друга институција. Едноставно му се може, кога има баба министерка. Министер не е мала работа. Инаку ако не е така, зошто не градел кариера пред да стане баба му министерка?

Плус сега откога и стигнаа критиките од Извештајот на Европската комисија, министерката итно почна да работи на Стратегијата за образование и само што не е донесена. А што работеше една ипол година? До каде е Законот за високото образование? Која е работната група која го изготвува овој текст и дали ѝ е познато дека во демократијата постои начело на транспарентност? Повторно ли ќе се носи текст кој подоцна тешко ќе се имплементира. Овој изминат период требаше да биде чесно искористен за подготвка на еден стратешки документ, затоа што Владата ги овозможи сите услови тоа да се реализира.

Дали Министерството за образование и наука има направено анализа за состојбите со кадар во државните универзитети? Што планира за ова прашање да преземе? Како е можно на некои државни универзитети да се вработува наставен кадар без претходно да се направи анализа а бројот на студенти, бројот на асистенти итн. Или, како е можно да функционира државниот универзитет во Охрид со пет факултети со само 17 наставно-научен кадар (наместо 50 наставно-научен кадар) спротивно на Законот за високо образование (ЗВО)… Како е можно на пример на Клиниката за гинекологија да има над 40 професори? Тоа ли е квалитет на високото образование? Како е можно на Правниот факултет во Скопје да се вработуваат професори со целосен расчекор од една до друга катедра, односно има катедри каде има по тројца професори, а наспроти ова постојат катедри до двојно повеќе вработен наставен кадар. Кој треба да стави ред на хармонизација на оваа бројка? Со какви анализи располага министерката и што планира да направи за да се подобрат состојбите?

Само да напоменам: науката е сериозна работа. Тука нема осветување, себичност, самофалба…

Ѓорѓи Илиевски,

виш просветен инспектор во пензија

КОЛУМНИ

Билјана Ванковска

Како изгледаат среќни луѓе?

Јове Кекеновски

ВМРО и Европа: Православието како дел од европската цивилизација наспроти теоријата...

Божин Павловски

Бугарите можат и подобро

Ристо Цицонков

Нема „парно“…

Сања Велкакова

Што ги турка младите надвор, и што би ги вратило назад

Александар Грижев

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ