Основата на неговата вознемиреност лежеше во тоа дека преку тој механизам СДС дојде на власт на изборите од 2016 година, после фамозната „Шарена револуција” од прислушуваните материјали.
и доколку таквиот експеримент сега се укинува, тогаш се укинува и надежта на СДС да се врати на власт без да ги добие изборите како што беше 2016 година со манипулации и интриги.
Од моето лично животно паметење, после фамозниот Јосип Броз Тито во Југославија кој се преправеше дека ги сака многу Косоварите после Брионскиот пленум, Зоран Заев е единствениот политичар во независна Македонија кој успеал да раководи и да ги манипулира албанските политичари во земјата. Им вети албански службен јазик и од Венецијанската комисија побара да не му дава зелено светло на законот.
Тој изјавуваше дека во Македонија еднаш Албанец би требало да биде премиер, но само сто дена, и тоа на крај на мандатот на својата Влада.
И за тоа Заев само се фалеше, со „релаксираните меѓунационални односи“, слично на времето на тандемот Георгиевски-Џафери, додека Алија ги собираше плодовите на таа „братство-единство“ соработка.
Многу тендери на контото на неговите соработници поминаа.
Тогаш се појавија талентираните Груби и Анѓушев, двајцата американски нобеловци!
Заев ја постигна целта: без доволно пратенички гласови состави влада и истовремено го задоволи и Алија со сто дена технички партиски Албанец од ДУИ за премиер!
И тоа ми даде повод да го напишам третото издание на колумната „Пржински хаос“ објавена речиси во сите портали во 2020 години. Пред пет години. И сега актуелна!
Пржино, едно скопско градско маало (синоним на едно бачко село во Војводина, Караѓорѓево, каде Тито некогаш од време на време ги дисциплинирашенепослушните републички раководители). Во 2015 Пржино стана место каде странските медијатори, олеснувачи, инструктори, професори ги научија нашите политичари (кои секојдневно позираа пред камерите) како се води држава, како треба врвните политичари во случај да ја злоупотребиле функцијата да одговарат пред (не)партискиот суд, како да одржиме фер и демократски избори и многу други работи.
Под диригентската палка на Питер Ванхојте, белгиски медијатор, „славната македонска политичка четворка“( Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи) во присуство на американскиот амбасадор Џејмс Бејли, на 2 јуни 2015 се заколнаа дека ќе го ставаат интересот на државата на прво место и ја повторија нивната определба да ја решаваат политичката криза која се појави како резултат на прислушуваните материјали со „жолтото комбе“ и да се залагаат за истрајност во евро-атлантските процеси и почитување на демократските принципи. Така никогаш досега тоа не било. Тоа била лажна нивна заклетва.
Пржино измислуваше разни непотребни владини институции: технички премиер, технички министри, дополнителни министри, помошници на заменици на министри, министри над министри и дополнителни министри испод министри и така натаму.
Балканско-европски глупости!
И после тоа се случи невидено европско чудо. Во три изборни циклуса тие „успешно“ ги вадеа на виделина „нечистите алишта“ на нивните претходници од власта, наместо да се занимаваат со процесот на организирање на успешни избори и така, таа занимација нивна да ја остават на oсакатените судски институции.
Пржино измисли специјална обвинителка без доволно искристализирани правни инструменти која, накитена со големите привилегии што ги уживаше, се засрами себе си и нацијата, исто како и земјата во која главен судски процес скоро цела една година беше аферата „Боки13“ која и ден денеска е симбол на преписки меѓу Боки и обвинителката Рускоска, додека од друга страна со тоа се замолчени вистинските големи корупциски афери и скандали.
Коронавирусот, за жал, ни даде опомена дека таквиот експеримент бил сосема непотребен и штетен за државата и затоа во иднина влада според моделот на Пржино не ѝ е потребна на Македонија. Пржино, веднаш после парламентарните избори требаше да оди во историја, без никакво сомневање.
Но, „мораше“ да остане поради две причини: Зоран Заев да биде уште еднаш премиер без доволно усвоени гласови и да состави со Али Ахмети влада со „прв Албански премиер со 100 дена стаж“.
Така политичките лидери од жедта за власт ја терале земјата од една катастрофа во друга. „Врвниот конституционалист“, поранешниот спикер Талат Џафери ни даде правна лекција дека парламентарците може да земаат пратеничка плата, а не мора да присуствуваат на собраниски седници бидејќи доброволно го вратиле мандатот додека Уставниот суд го спие зимскиот мечкин сон.
Претседателот прогласи вонредна состојба во која главниот збор за многу деликатни работи требаше да ја каже техничката влада која според Пржинскиот хаос имаше мандат само да ги организира изборите од 2016 година! А што ќе беше ако еднаш Уставниот суд се разбудеше од зимскиот сон и поради ненадлежност на техничката влада многу владини уредби со законска сила да ги прогласеше за противиуставни?
Како ВМРО-ДМНЕ ги губеше повторените лакални избори ?!
И, таман Мицкоски излезе на прес да се пофали како ВМРО-ДПМНЕ победил со 56:6 гола разлика на овие локални избори плус Маврово и Ростуше, од зградата на СДСМ дојде една ЕУРЕКА: „…кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии“, одговориле од СДСМ„.
На овие избори партиите се натпреваруваа поединечно: ВМРО, Вреди, ЗНАМ, а изгубија само Вреди кај албанскиот блок на партии! Кај македонскиот блок на партии во Маврово-Ростуше уште еднаш убедливо победи ВМРО! Како тоа преку ноќ СДС се појави како победник во Маврово Ростуше?
Од другата страна на изборите поединечно излегла коалицијата АКИ (ДУИ и Алијансата на Таравари) добила и поединечно СДСМ изгубила!
Која е математиката?
Мухамед Халили











