понеделник, 9 март 2026
Божин Павловски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Претходникот на Мицкоски

На прсти можат да се избројат нашите политичари што би добиле преодна оцена во нашата 80-годишна државотворна историја.

Мицкоски не беше ни роден кога нашата земја ја крстосуваше бездруго најдобриот. Њујорк тајмс му ја посвети насловната страница тврдејќи дека тоj ќе биде наследникот на Тито. Крсте Црвенкоски доминираше кај нас десетина години по земјотресот во Скопје.

Тоа време се совпаѓа со раѓањето на сите базни институции, од Академијата на наукитe и уметностите до обновувањето на Архиепископијaтa.

Крсте два пати одеше кај диктаторот Тодор Живков во Бугарија. Третиот пат го испрати својот пријател Стане Доланц. Но Бугарија го имаше напуштено времето на Димитров и приграбено тврдото мислење дека не постојат Македонци.

Сите што даваа отпор завршуваа во политичкиот затвор Стара Загора.
Кулминацијата се случи во 1967 година. Бугарската академија на науките (БАН) по повод основањето на МАНУ објави дебела книга со цинично мото: Македонската нација се појавува на секои илјада години.

Крсте ги собра интелектуалците во кулите покрај Вардар. Имав 25 години кога го слушнав неговото прашање: Има ли грам вистина во ова?

За среќа, тогаш не забега никој во национален романтизам.

Ова не мора да се гледа како навреда, туку како отрезнување. 95 проценти од книгите во нашите библиотеки беа на српски јазик. БАН треба да се доживее како некој вид олимписки тренер.

Крсте овозможи, за неполни три децении, да изведеме подвиг. Од само 13 илјади библиографски единици да стигнеме до повеќе од 200 илјади при осамостојувањето. Да не ја проголтавме таа кнедла на БАН, можеби денес ќе бевме не само инфериорни, туку и безлични.

Дали би требало да проголтаме уште некоја кнедла? Тој што би нашол излез од оваа наша мачнина заслужува да се нареди зад најдобриот политичар. Ни случајно не смееме да останеме во чекалница. Балканот е полн со силеџии.

Академик Божин Павловски

КОЛУМНИ

Клементина Брзаковска

Фрчковизмот што ја претвори опозициската СДСМ во циркус без компас

Александар Иванов

Тектоника на новиот свет: Американскиот софтвер, кинескиот хардвер и битката за...

Јове Кекеновски

Анализа на кризата во Ормускиот теснец

Билјана Ванковска

Кина планира развој за пет години однапред, Западот јури кон нова...

Ристо Цицонков

„Скопје на вода“ = Скопје на бетон

Перо Димшоски

Македонски евроинтеграции – закопани во минатото, изгубени во сегашноста!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ